недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 32
home Вести

Милошоски најави интерпелација за Димитров

Милошоски најави интерпелација за Димитров

Министерот Димитров во текот на следната недела ќе се обрати во македонското Собрание. (прилог писмо до МНР) Согласно чл.6 од Законот за надворешни работи министерот за надворешни работи има обврска да се обрати пред Комисијата за надворешна политика во Собранието најмалку два пати во годината. После Бриселскиот неуспех за добивање на датумот, кој Димитров и Заев го прославија уште лани, македонските граѓани и нивните претставници во Собранието имаат право да ги чујат објаснувањата на министерот, а тој има обврска да го испочитува Законот. За ова обраќање на Димитров во Собранието очекувам голем интерес и кај пратениците и кај јавноста. А после тоа веројатно и уште една интерпелација за МНР Димитров, напиша на својот Фејсбук профил, пратеникот Антонио Милошоски.