среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Милошоски: На жена од метар и 65 сантиметри и покажувате мускули, а го чувате конвертитот Димитров

Милошоски: На жена од метар и 65 сантиметри и покажувате мускули, а го чувате конвертитот Димитров

Се почна со политичкиот конвертит Никола Димитров. Тој рече дека добил вербална нота од Грција, рече пратеникот Антонијо Милошоски на седницата за разрешување на министерката Рашела Мизрахи.

– Министерството за надворешни работи крие четри дипломатски ноти од Грција, Димитров, проверив вечерва во Централен регистар, самиот не го сменил името на министерството за надворешни и сега тој ќе кажува дека треба да биде сменета Мизрахи. На жена од метар и 65 сантиметри и покажувате мускули, а го чувате Димитров оти ги фали сите премиери. Вечера министерката Мизрахи покажа на многу членови на СДСМ како се сака и брани држава. Вие немате ни мандат, ни техничко право да разрешувате министри. Вашиот мандат е да спроведете избори. Таблата ли е пречка за изборите? Не туку тоа што Рашела откри какви малкверзации правела Царовска. Димитров е наконтен Коте од Руља, кој неколку пати правеше предавство, рече Милошоски.