четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Милошоски на средба со стопанствениците од Струга, се разгледуваат можностите на кој начин преку Собранието да им се помогне на истите

Милошоски на средба со стопанствениците од Струга, се разгледуваат можностите на кој начин преку Собранието да им се помогне на истите

Денес во Струга ќе разговараме со стопанствениците од градот. Главната тема ќе биде лошата економска состојба, она што не загрижува е дека во 2020 година во Македонија имаме 6 200 компании кои згаснале и за жал 1 200 компании затвориле на сопствено барање. Тоа е потврда дека владата има лоши економски политики чиишто резултат се нови 55 000 невработени, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио МИлошоски.

Од тие 55 000 невработени во Струга имаме 4 950 невработени лица што за самиот град претставува голем товар и ја влошува економската ситуација. Затоа сакаме од стопанствениците да побараме совет, мислење и препораки на кои начин преку Собранието можеме да им помогнеме да се подобри оваа лоша состојба, истакна Милошоски.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија