четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 74
home Вести

Милошоски: На штета на имиџот на државата, Владата го предложи несоодветниот Фрчковски и доби непотребна дипломатска бламажа

Милошоски: На штета на имиџот на државата, Владата го предложи несоодветниот Фрчковски и доби непотребна дипломатска бламажа

Во денешната изјава од Охрид, Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, на новинарско прашање во врска со предлогот од Владата за амбасадор во САД за Љубомир Фрчковски којшто беше одбиен, Милошоски одговори дека истото е непотребна дипломатска бламажа на Владата која е на штета на имиџот на државата.

-Нашата констатација е дека ваква непотребна дипломатска бламажа каква што беше таа со Фрчковски на државата и нанесува штета на имиџот. Прво, три години власта нема кандидат за амбасадор за Вашингтон, а потоа носи одлука на 8-ми февруари Фрчковски да биде кандидат и гледаме дека земјата домаќин, најважната наша земја партнер во НАТО, го оценува предлогот како несоодветен и неподобен. Сега гледаме дека Заев оди на таа варијанта за Њујорк, Обединети Нации или нешто слично, веројатно сака да го прати Фрчковски некаде каде што не е потребен агреман. Во земјите кои што имаат на билатерална основа амбасадори потребен е агреман, за секоја личност кандидат за амбасадор, во меѓународните организации не е потребен агреман.

Милошоски исто така појасни дека веројатно Фрчковски му е должен нешто на Заев, или Заев му е должен на Фрчковски, па гледаат дипломатијата да ја искористат како алатка за меѓусебно подмирување на тие долгови.

-Од наша гледна точка сметаме дека господинот Фрчковски не е личност која што може да ги претставува на соодветен начин интересите на Македонија ниту во Вашингтон, ниту во било која друга меѓународна организација, вели Милошоски.

Коронавирус