вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 114
home Вести

Милошоски: На лидерската средба Заев најави дека Јанева излегува од Шутка за десетина дена

Милошоски: На лидерската средба Заев најави дека Јанева излегува од Шутка за десетина дена

Заев најави дека за десетина дена Јанева од Шутка ќе се префрли во куќен притвор. Како може премиерот да ги знае одлуките на Судот пред да бидат донесени? – праша Милошоски изнесувајќи став за последната лидерска средба.

Тој посочи дека власта првично се согласила опозицијата да го предложи шефот на новото обвинителство за организиран криминал, но кога било побарано ова обвинителство да го преземе случајот „Рекет“ преговорите пропаднале.

-Јасна е спрегата меѓу владата, обвинителството, судовите и Катица Јанева. Власта ќе направи се случајот „Рекет“ да не дојде во рацете на независен обвинител, потенцираше Милошоски во изјава за Сител.