понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 17
home Вести

Милошоски: Љупчо Зафировски нема никаква врска со Макрон, тој има досие за добра соработка со кланот Заеви

Милошоски: Љупчо Зафировски нема никаква врска со Макрон, тој има досие за добра соработка со кланот Заеви

Легендарен стана посебниот советник на премиерот Заев, Љупчо Зафировски кои според неговите зборови има врски со Кабинетот на претседателот Макрон во Франција. Зошто е легендарен и мистериозен советник? Затоа што и покрај сите настојувања претседателот на Владата на Република Македонија не сака да одговори кој го има потпишано договорот со Љупчо Зафировски да биде советник, ниту пак сака да ја достави неговата биографија до пратениците кои што имаат право тоа да го знаат и тоа е информација од јавен карактер, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната собраниска седница.

Тој додаде дека Заев нешто крие со тоа што не сака да ја сподели биографијата на Зафировски, потенцирајќи дека тој нема никакви врски со претседателот Макрон туку дека им помага на Заеви за извезување на прехранбени производи во Србија и Франција.

Но, очигледно е дека премиерот нешто крие. Што крие премиерот? Во Собранието премиерот говореше дека Љупчо Зафировски има посебни дипломатски контакти со кабинетот на претседателот Макрон и со луѓе во владата во Франција. Но, кој е всушност Љупчо Зафировски после некои истражувања. Љупчо Зафировски во 99 година основа фирма за надворешна трговија со прехранбени производи која што фирма се вика Фортуна регистрирана во Скопје. Љупчо Зафировски после одредено време фирмата Фортуна ја регистрира Фортуна и во Струмица за трговија со земјоделски и прехранбени производи. Љупчо Зафировски почитувани граѓани нема никакви врски со претседателот Макрон или пак со негови советници во кабинетот во Париз. Љупчо Зафировски има врски со Заеви кои се занимаваат со производство на храна и им помагал, и се уште им помага да извезуваат прехранбени производи и храна во Србија и Франција. Затоа се крие биографијата на Зафироски и не се кажува кој го потпишал неговиот договор, рече Милошоски.