петок, 19. април 2019. Вести денес: 16
home Вести

Милошоски: Легимитетот и волјата на народот изразена преку референдум, секој пратеник треба да го почитува

Милошоски: Легимитетот и волјата на народот изразена преку референдум, секој пратеник треба да го почитува

Ние сметаме дека легимитетот и волјата на народот изразена преку референдум со демократско цивилизирано неизлегување на гласање на најголемиот број на гласачи на Република Македонија е мандат кој што секој пратеник треба да го почитува, посочи Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при гостување на дебатна емисија на МРТ1.

Милошоски образложи и дека тој како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници од други политички партии преку референдумот не добија нов мандат за да постапат на начин спротивен на волјата на народ и граѓаните. Така што Собранието и собраниското мнозинство без разлика дали се 75 или 80,или 83 пратеници немаат мандат преку реферндумот да прават уставни измени, нагласи Милошоски.

Милошоски потсети на изјавата на Заев дадена за кумановската телевизија – „ Додека го дишам овој воздух во името на моите предци, на моите деца, моите родители, јас нема да го сменам Уставот за да се смени уставното име на Република Македонија“.

Но очигледно кај Заев нешто се смени. А, во ВМРО-ДПМНЕ не се смени и останува на ставот дека нема да се гласа за смена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.