сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 34
home Вести

Милошоски: Лажат за бомбите, ако Заев прифати ТВ дуел со мене, ќе го отворам како пупка

Милошоски: Лажат за бомбите, ако Заев прифати ТВ дуел со мене, ќе го отворам како пупка

Пратеникот Антонио Милошоски вели дека обвинителката Фатиме Фетаи ги слушала „бомбите“ кои пред неколку дена беа објавени јавно, а на кои се слуша како тој разговара со екс претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, во врска со судски предмет на неговиот татко.

– Фатиме Фетаи најдобро знае дека Заев лаже дека ги немал, не ги знаел, не ги предал објавените 5 од 6 снимки, кои УБК нелегално ги снимила за мене во 2011г. Истите 6 снимки обвинителката Фатиме, по налог на лицето З.З. и Катица, ги работела во февруари 2018-та, и во СЈО повикала странка, сведок (машко лице), со кого заедно ги слушале снимките, вклучително и 6тата која Заев сега решил да не се објави, бидејќи докажува дека нема дело. Повиканиот сведок и СЈО си имаат уреден записник за овој настан и преслушаните снимки, кои сега се во посед на ЈО, изјавува Милошоски.

Ова, додава тој, докажува прво дека Заев предал многу снимки во СЈО, и второ дека од истите нелегални снимки Заев поседува копии и лично нарачува нивни монтажни и објави, што е кривично дело.

– Копиите кои ги поседува Заев се илјадници на број и опфаќаат приватни, деловни, службени и политички разговори на пратеници, лидери на неколку политички партии, влијателни стопанственици, истакнати новинари и неколку сопственици на медиуми. Заев и досега ги злоупотребувал и во иднина (во потесен круг, лично со жртвите или јавно) ќе ги злоупотребува овие снимки за уцени, политички притисок и медиумска послушност и стопанско рекетирање, а се со цел тој да се спаси од одговорност. Но, времето на З.З. завршува. Како дојде, така ќе си оди. Ако прифати ТВ дуел со мене, ќе го отворам како пупка. Но, и ако не прифати, исто му се фаќа. ТикТак, напиша Милошоски на својот профил на Фејсбук.

Коронавирус