сабота, 21. мај 2022. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Ковачевски и Османи одат надвор од Резолуцијата, не е потребно дополнително отворање и менување на Уставот

Милошоски: Ковачевски и Османи одат надвор од Резолуцијата, не е потребно дополнително отворање и менување на Уставот

Она што го прават Бујар Османи и Ковачевски е надвор од Резолуцијата. Резолуцијата која ја донесовме во Собрание, треба да се разговара рамноправно на основа и да има реципроцитет. Не може Македонија 30 години секогаш нешто да отстапува да прави концесии, да попушта и на крај ништо да нема за возврат, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител, запрашан за барањето Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав.

Милошоски вели дека не треба така лекомислено да се даваат било какви ветувања и да се преземаат обврски за дополнително менување на Уставот.

– Што би добиле ние со тоа, дали ќе станеме членка на ЕУ, дали ќе ги признаат Македонците во соседните држави? ВМРО-ДПМНЕ смета дека такви обврски не треба да се преземаат, Уставот беше отворан без да донесе подобрување во реалниот живот и затоа не треба повторно да се отвора и да се додаваат било какви други заедници, народи или што и да е, рече тој.

Милошоски нагласи дека Власта на СДСМ и ДУИ последниве 5 години македонскиот Устав го претвори во бесплатен драгстор за соседите и секој кој сака да си го потхрани својот национализам доаѓа зема нешто од нашиот Устав и на штета на македонските граѓани и достоинството на Македонија.

Најнови вести

Коронавирус