среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 97
home Вести

Милошоски: Костадин во мај со 22 заразени и двајца починати бараше оставка од Чулев, денес со 862 заразени и 1000 починати молчи (ВИДЕО)

Милошоски: Костадин во мај со 22 заразени и двајца починати бараше оставка од Чулев, денес со 862 заразени и 1000 починати молчи  (ВИДЕО)

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбик пишува дека Костадин Костадинов од СДСМ во мај со 22 новозаразени и двајца починати бараше оставка од Наќе Чулев кој во тоа време беше министер за внатрешни работи, а денеска со близу 900 новозаразени и близу 1.000 починати мудро молчи.

-Корона-хипокризијата и СДСМ
Костадин (Струмица), на 16.мај: “Наќе е крив, одговорен за 22 заразени и 2 починати, мора да поднесе оставка”
Денес со 862 заразени дневно и близу 1.000 вкупно починати, пратеникот Коста молчи за одговорност и оставки. А само Струмица денес има 471 активен случај, преполна болница со Ковид-пациенти, а премалку медицински сестри.
Тешка хипокризија!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус