петок, 10. јули 2020. Вести денес: 163
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Милошоски: Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, неколку недели разлика за термин за избори не прават разлика за резулатот

Милошоски: Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, неколку недели разлика за термин за избори не прават разлика за резулатот

Сите ние сме и родители, и имаме родители кои се повозрасни и треба да гледаме да ја олeсниме ситуацијата со здравјето на луѓето, ние не сме само политичари. Треба да се постигне договор затоа ВМРО-ДПМНЕ понуди повеќе варијанти за термин за избори и треба заедно и со здравствените лица и ДИК да постигнеме договор за термин за избори, рече Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија АлсатМ.

Според него од датумот за избори и изборите треба да произлезат решенија, а не дополнително комплицирање на ситуацијата.

-Пример може да ја земеме Словенија со која сме слични по број на население. Тие имаа поефикасен план како да се нормализира ситуацијата и затоа се први кои во ЕУ прогласија крај на епидемијата на корона. Затоа и ние треба да направиме бројката да не расте и тоа не води кон тоа дека не треба да се брза со избори. А тоа што нема Собрание не треба да биде изговор. Ние имавме процедура за распуштање на Собранието и ако владата постапува соодветно не треба изговор за брзање да биде што нема Собрание, посочи Милошоски.

Милошоски рече дека неколку недели не прават разлика каков ќе биде резултатот на изборите.

-ВМРО-ДПМНЕ има проценка дека кога и да се случат изборите и ако бидат регуларни, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, рече Милошоски.

Парламентарни избори 2020