петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 60
home Вести

Милошоски: Изговорите на власта за некаков формален пропуст на иницијативата за пописот се правно неосновани бидејќи важна е содржината на иницијативата

Милошоски: Изговорите на власта за некаков формален пропуст на иницијативата за пописот се правно неосновани бидејќи важна е содржината на иницијативата

На прашањето „Како ќе постапувате понатаму во врска со Иницијативата за поништување на Законот за попис?“, пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека прво би кажал дека изговорите на власта за некаков формален пропуст на иницијативата се правно неосновани бидејќи важна е содржината на иницијативата.

-Прво би сакал да кажам дека изговорите на власта за некаков формален пропуст на иницијативата се правно неосновани бидејќи важна е содржината на иницијативата. Содржината на иницијативата е да е соберат потписи на граѓани кои се против попис кој значи политички фалсификат, се е друго само изговор затоа ВМРО-ДПМНЕ оваа иницијатива ќе ја продолжи на два начини. Еден начин легален начин на предлагање на закон преку пратеници и легитимен начин на поткрепување на тој закон преку многу потписи од граѓани кои се носители на суверенитетот во државата и сметам дека законодавниот дом како претставнички дом на граѓаните нема да има право да одбие било кој потпис на граѓанин кој ќе дојде во поддршка на закон за европски попис, одговори Милошоски.

ЕУРО 2020

Македонија