среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 175
home Вести

Милошоски ги кани Бујар и Димитров без маски во Собрание

Милошоски ги кани Бујар и Димитров без маски во Собрание

Време е да паднат маските после Василица❗

📌Во изминативе неколку месеци разговорите на релација Софија-Скопје станаа толку нетранспаренти, што јавноста е збунета и не знае дали на Договорот за добрососедство му се спрема нов анекс, нов акционен план или ново понижување? Оние уверувања дека потпишувањето на Договорот ќе ги решело сите спорови меѓу Македонија и Бугарија и ќе ги отворело портите на ЕУ, што пред 4 години ни ги даваа Заев и Димитров, денес се претворија во обвинувања за тоа кој сосед има поголема вина и за колку нови спорови се преговара.

⛔И се додека за македонско-бугарските преговори се одбегнува институционална расправа во Собранието, се повеќе истите ќе наликуваат на приватни пазарења на Заев со Борисов, на Бујар со Захариева или на Димитров со Каракачанов. И додека секој од споменатите тера посебна кариерна агенда, ќе слушаме противречни ставови како
– ставот на Димитров дека од Бугарија треба да одмориме до март 🧦🛏
– ставот на Бујар, дека со Бугарија треба поинтензивно да се преговара 📝📩 и
– ставот на Заев дека, откако ни удрија вето за ЕУ, тој не знаел во што е проблемот со Бугарија ⁉️

👉Затоа крајно време е владините министри Османи и Димитров да ги симнат маските после Василица, да се појават во Собранието и да ги објават предлог-документите (анекси, акциони планови) кои се разменети помеѓу Софија и Скопје по однос на Договорот. Тогаш низ сериозна дискусија ќе се знае дали има достоинствен излез од овој ќорсокак, дали некој на Македонија И спрема ново анекс-предавство, и кој ќе поднесе оставка затоа што нефункциониот Договор наместо датум ни донесе вето на патот кон ЕУ.

Фејсбук статус на Антонио Милошоски

Најнови вести

Локални избори 2021