сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Функционерите кои се на чело на МЗ ја отсликуваат вистинската состојба која владее во здравството

Милошоски: Функционерите кои се на чело на МЗ ја отсликуваат вистинската состојба која владее во здравството

На денешната собраниска седница, пратеникот Антонио Милошоски преку своја реплика истакна и потсети всушност зошто денес Собранието избира нов заменик министер.

„Јас би сакал на кратко денес да напоменам зошто имаме избор на нов заменик министер за здравство. Да напоменам дека денес имаме избор токму затоа што претходниот заменик министер за здравство беше од новинари откриен во афера за примање поткуп за која што ќе се докаже дали била аргументирана или не“, потсети Милошоски.

Тој уште еднаш потенцираше дека, токму владините функционери кои се на чело на министерството за здравство ја отсликуваат вистинската состојба која владее во здравството во Македонија преку сомнителни милионски тендери и класични примери на примање на поткуп за вршење на здравствени услуги.

„Но како и да е, ова за жал се највисоките официјални претставници на здравството и разликата помеѓу нив, помеѓу министерот, заменикот министер, директорот на фондот за здравство и другите е дали некој бил „ин флагранти“ фатен во примање поткуп или некој се уште не е фатен во примање на поткуп или местење на тендери“, заврши Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.