вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Вести

Милошоски: Еден од проблемите за неотпочнување на преговорите е големата корупција на чие што чело е Зоран Заев

Милошоски: Еден од проблемите за неотпочнување на преговорите е големата корупција на чие што чело е Зоран Заев

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денес одговараше на новинарско прашање за гласините дека треба да се реши проблемот со Бугарија за почеток на преговорите со Европската Унија.

Од него беше побаран и коментар околу Зоран Заев кој тврдеше во изминатите две три години дека само што не се почнати преговорите.

-По однос на почетокот на преговорите помеѓу Македонија и ЕУ ќе истакнам дека Македонија заслужи почеток на преговорите уште 2009 година кога ја доби препораката од Европската комисија дека е спремна да ги почне преговорите за членство. По однос на тврдењата на Зоран Заев и барањето изговори, ние сме зачудени како може истиот човек кој 2018 година тврдеше дека Македонија ги почнала преговорите за членство денес да бара изговори зошто Македонија не ги почнува преговорите за членство. Во 2018 година немаше вето од Бугарија, но преговорите не беа отпочнати денес имаме дополнителни проблеми, а еден од проблемите за неотпочнување на преговорите е големата корупција на чие што чело е Зоран Заев, а како држава сме на 111 место хибриден режим по перцепција на корупција, истакна Милошоски.

ЕУРО 2020

Македонија