петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 52
home Вести

Милошоски: Две години власта не може да одлучи за поставување на Државен ревизор

Милошоски: Две години власта не може да одлучи за поставување на Државен ревизор

Антонијо Милошоски пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на тв дебата на Телевизија 24 во врска со добивањето на датум за преговори истакна дека во пресрет на датумот прво треба да се решат голем број на проблеми како што потенцира е проблемот со немањето на Државен ревизор повеќе од две години затоа што владеачката коалиција не може да се договори за фаворитот.

-Немањето на главен Државен ревизор, две години за држава која што утре ќе стане членка на НАТО, а очекува да отпочне преговори со ЕУ, главната државна институција која што е надпартиска и има солидни капацитети за да може да функционира и добивала високи оценки од Европката комисија секогаш, нема главен државен ревизор затоа што владината коалиција не може да се договори за фаворитот, вели Милошоски.

Тој вели дека ако се добие датум за преговори владата ќе биде ставена пред конструктивен притисок за оние ми теми за кои што нема војла или нема капацитет да ги исполни или оствари да мора ди ги исполни или оствари како зададена домашна или одредници.

Тој исто така потенцираше дека продуктивно ќе биде отварањето на преговорите, но до сега владата нема одговорено дали Макеоднија во декември или во март ќе ја има првата меѓу владина конференција и вели дкеа веројатно е дека тоа дека нема да се случи.

-Веројатно е дека ќе Македонија ќе ги започне преговорите во текот на германското претседателство од јули до декември 2020 година, што се совпаѓа со препораките од германскиот Бундестаг дека дава зелено светло за преговори, но си го задржува правото да има мониторинг и тие преговори ако оцени дека не одат во добра насока да ги запре или да ги врати назад, вели пратеникот Милошоски.

Коронавирус