Случајот со меѓусебните обвинувања на градоначалникот Блерим Беџети и Зоран Заев за ургенции и влијание во Судскиот совет е конкретен доказ за мешањето на владата во судството, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
-Доколку Заев му ургира на градоначалникот на Сарај да влијае на ставот на дел од членовите на Судскиот совет, тогаш тоа е злоупотреба на службената потреба и поттикнување во извршување на незаконито дело. Но, наместо ова да биде пријавено од страна на Блерим Беџети во обвинителство, во меѓувреме ДУИ и СДСМ се договориле кој да биде в.д. претседател на Врховниот Суд и сега проблемот веќе не постои, нема меѓусебни кавги и обвинувања, вели Милошоски.