среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Милошоски: Другарката на Боки Tредичи, Рената Дескоска да си поднесе оставка

Милошоски: Другарката на Боки Tредичи, Рената Дескоска да си поднесе оставка

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска побара оставка од министерката за правда Рената Декоска, откако Собранието денеска одлучи да се носи по скратена постапка Предлог-законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

„Бараме од другарката на Боки Tредичи, Рената Дескоска да си поднесе оставка, зашто во нејзин мандат има најголем политички и судски скандал“, истакна Милошоски за случајот „Рекет“.

Според Милошоски, се злоупотребува европското знаменце за да се донесе Предлог-законот за јавно обвинителство. Сепак, најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во амандманската расправа по предложеното законско решение.

„Имаме системски амандмани, а во однос на случаите на СЈО кои се во судски процес сметаме дека треба да продолжат, но истовремено сметаме дека треба да се почитува постоечкиот закон за СЈО каде пишува дека мандатот на помошниците обвинители не може да биде подолг од мандатот на специјалниот обвинител“, истакна Милошоски.