понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Договорот е 10:0 за Грција

Милошоски: Договорот е 10:0 за Грција

И ако помине овој договор со Грција, Грција ќе може да не блокира потоа на патот кон ЕУ и НАТО. Македонија нема гаранција дека Грција нема да ја блокира по прифаќање на договорот, по промена на Уставот, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски гостувајќи на Телевизија 24.

-Структурата е таква што Македонија ги прави сите концесии, Македонија прави неповратна концесија менува Устав. Нема враќање назад. На пример,  Словенја и Хрватска паралелено го решаваа спорот, а Словенија се согласи да не ја блокира Хрватска што и се случи. Хрватска влезе и во ЕУ и во НАТО. Значи Хрватска имаше гаранција дека нема да биде блокирана, вели Милошоски.

Според Милошоски најдобра гаранција за Македонија е меѓународно право, пресудата од Меѓународниот суд во Хаг.

Тој потсети на интервју на Коѕијас во кое тој вели дека Македонија е признаена од 140 земји и прашање на време е кога ќе се стегне обрачот за да се движи кон ЕУ и НАТО.

-Овој договор ќе го смени Уставот. Ќе ни го уништи достоинството. Ќе треба повторно да тужиме пред Меѓународниот суд, но тогаш ќе ни речат вие сами не ги почитувате пресудите, правото. Овој договор е во корист на Грција, Грција не го стави на маса Уставот.  Договорот е 10:0 за Грција, истакна Милошоски.

Коронавирус