недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски до Заев: Знаете ли за барањето на 250.000 евра мито на висок функционер на власта од бизнисмен од Битола само поради тоа што добил тендер од РЕК Битола?

Милошоски до Заев: Знаете ли за барањето на 250.000 евра мито на висок функционер на власта од бизнисмен од Битола само поради тоа што добил тендер од РЕК Битола?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања го праша премиерот Зоран Заев за информацијата дека функцинер од владата побарал кеш од 250.000 евра на бизнисмен од Битола кој што земал тендер од РЕК Битола.

-Во јавноста има шпекулации или информации или дојава дека на бизнисмен од Битола којшто во првите три месеци од оваа година добил тендер за работа во РЕК Битола, функционер на власта му побарал 250.000 евра во кеш. За да се заштити од ваквото барање споменатиот бизнисмен од Битола искористил лични контакти со Амбасадата на Белорусија во Србија која нерезидентно ја покрива и Република Македонија. Дали во изминатиот период на било кој начин во вашиот кабинет или во вашата влада имало контакти или ургенција од страна на амбасадорот од Белорусија во Белград кој е задолжен и за Македонија во врска со ваквите наводи, праша Милошоски.

Заев одговори дека до сега нема таква информација добиено од амбасадата на Белорусија, посочувајќи дека секој кој што имал таков случај да пријави бидејќи тоа е обврска на органите на прогонот да го истражат случајот.

Најнови вести

Коронавирус