среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Милошоски до Заев: Сопственик на медиум и ваш висок партиски член вршат рекет и уцени

Милошоски до Заев: Сопственик на медиум и ваш висок партиски член вршат рекет и уцени

Дали знаете дека сопственик на медиум и ваш висок партиски член вршат рекет и уцени,  го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски премиерот Зоран Заев на денешната седница за пратеники прашања во Собранието.

-Во македонската јавност во последно време користејќи псведоними се збоува за извесен сопственик на телевезија со псевдоним „Коки“ кој што се занимавал со рекетирање, корупција и перење на пари. Не разговарал за сума помала од 200.000 евра. Бидејќи за ова зборува целиот главен град, но и пошироко и бидејќи ова многу добро го знаат и дел од вашите партиски функционери, со кој што сме разговарале неформално во Собранието, сакам да поставам прашање до премиерот Зоран Заев дали до него допрел глас дека постои таков сопственик на медиуми со псевдоним „Коки“, праша Милошоски.

Дополнитело тој праша дали премиерот е запознае дека тој сопственик на медум има изнудено пари од поранешен градоначалник на скопска општина во износн на 200.000 евра и рекалмирање на сопствениот медиум.

-Дали во допрениот глас кој што и вас ве заинтересирал, знаете за кого станува збор кога се користи псевдонимот на второт лице коешто работело во тандем со „Коки“, сопственик на медим, а неговиот псевдоним е „Кики“. Се збори дека е висок партиски функцонер на СДСМ или барем бил партиски функционер на СДСМ. Заедно со првоспоменатиот биле кај една ваша градоначалничка од СДСМ барале беслпатна локација и одобрение за градба и не плаќање на комуналии во износ од 1 милион евра истакна тој.
Дополнително Милошоски истакна дека не е тешко премиерот да првори за која градоначалника станува збор.