сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 106
home Вести

Милошоски до Заев: Притисокот врз новинарите е само дополнителна владина репресија

Милошоски до Заев: Притисокот врз новинарите е само дополнителна владина репресија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања го праша премиерот Зоран Заев како гледа на последните случувања кога новинари беа повикани на распит само затоа што обелоденија индиции за сторен криминал од високи функционери од владата на СДСМ.

-Прашањето се однесува на тројцата повикани новинари во полиција, Горан Момировски, Љупчо Златев и пред нив Александар Митовски, кои што се повикани на распит во полиција за објава на индиции од укажувачи кои индиции се однесуваат на можен криминал или злоупотреба на службена положба и овластувања од страна на државни владини функционери. Како вие гледате на повикувањето на овие новинари на распит во полицијата и дали сметате дека треба да продолжи оваа пракса и дали сметате дека овие новинари кои што се повикани на распит имаат право да ги заштитат изворите од кои што добиле индиции и информирале согласно јавниот интерес. Ова ве прашувам согласно вашата изјава за борба против лажните вести дали и ова спаѓа во таа ваша борба и акционен план, истакна Милошоски.

Заев објасни дека МВР го прави тоа многу транспарентно и дека според законските прописи имаат целосно право да повикаат лица кои што може да дадат информации за утврдување на можен криминал.

На тоа, Милошоски нагласи дека не е задоволен од ваквиот одговор од Заев, бидејќи новинарите не се повикани во МВР за да дадат изјава за да го докажат наводот на можен криминал, туку биле повикани да го откријат изворот на информацијата која што дава индиција од јавен интерес за можен криминал, посочувајќи дека ваквиот притисок врз новинарите е само дополнителна владина репресија.

Коронавирус