недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски до Заев: Дали сте сигурен дека само еднаш сте имале средба со второосомничениот во случајот Рекет

Милошоски до Заев: Дали сте сигурен дека само еднаш сте имале средба со второосомничениот во случајот Рекет

Пред неколку дена изјавивте дека еднаш сте оствариле средба со второосомничениот и дека тогаш станувало збор за одредени интереси и инвеститори во врска со рударството. Моето прашање е дали сте сигурен дека само еднаш сте имале средба со второосомничениот во случајот Рекет, упати прашање пратеникот Антонијо Милошоски до премиерот Зоран Заев.

На ова прашање Заев појасни дека имал само една работна средба со второосомничениот но дека во животот имал повеќе средби бранејќи се дека тој е човек кој го познаваат сите од минатото.

Милошоски изјави дека не е задоволен од одговорот бидејќи Заев само пред неколку дена изјавил дека само еднаш имал средба со второосомничениот, а сега изјавил дека имал повеќе средби додавајќи дека граѓаните мора да ги земаат со резерва одговорите на Заев.