понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Дезинформациите за мојот наводен случај во Германија е само уште еден спин на СДСМ за да ја замајува јавноста од хибридниот режим

Милошоски: Дезинформациите за мојот наводен случај во Германија е само уште еден спин на СДСМ за да ја замајува јавноста од хибридниот режим

Денес во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски член на извшрниот комитет оддржа прес конференција.

На прашањето поставено до него за неговиот наводен случај во Германија тој одговори:
– Би сакал уште еднаш да го повторам она што го кажав денес значи СДСМ е партија која што во својата основна дејност изминативе седум години прави афери преку фалсификувања. Фалсификувања пасоши фалсификување на вистината за Смилковско езеро фалсификување за смртта на Никола Младенов на малата Тамара, фалсификување на датумот за ЕУ и на таков начин се обидува да се спаси себеси или деградира опозициони критичари. Во тој контекст само ќе напоменам уште еднаш дека ваквите спинови ваквото дефокусирање и ваквите дезинформации само докажуваат дека СДСМ останува на својата основна дејност преку фалсификувани дезинформации да ја замајува јавноста за да избегне од реалните теми дискусија за хибриден режим корупција и голема невработеност. Во тој контекст сметам дека се навистина големи мајстори но за жал цената граѓаните преку силната економска криза.

ЕУРО 2020

Македонија