недела, 9. мај 2021. Вести денес: 114
home Вести

Милошоски: Бучковски нема да е добредојден во ВМРО-ДПМНЕ, не го сметаме за легитимен претставник на државата

Милошоски: Бучковски нема да е добредојден во ВМРО-ДПМНЕ, не го сметаме за легитимен претставник на државата

„Јас не верувам во пресврт до крајот на годината. Особено не после овој потег на премиерот да назначи свој специјален претставник за Бугарија, Бучковски. Бучковски како политичар нема кредибилитет во Република Македонија и во пошироката јавност“, нагласи Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во дневникот на телевизија Сител.

Милошоски додаде дека можеби Бучковски е близок со Заев и ужива кредибилитет кај премиерот, и може да биде специјален претставник на премиерот, нотој  не би го сметал за специјален претставник на Македонија.

„И затоа оној совет кој што беше даден вчера во Вашата емисија од претседателот Пендаровски дека по враќањето на Бучковски кој ќе советува, Бучковски ќе направи посета кај сите политички партии и да ги брифира, јас уште од сега можам да најавам дека Бучковски не би бил добредојден во ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Милошоски.

Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не го смета за легитимен претставник на државата.

Коронавирус