четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 35
home Вести

Милошоски: Брзоплетото потпишување на договорот со Бугарија нанесе штета на Македонија, ова се клучните забелешки кои ги укажавме уште во 2017-та година

Милошоски: Брзоплетото потпишување на договорот со Бугарија нанесе штета на Македонија, ова се клучните забелешки кои ги укажавме уште во 2017-та година

Постапката на нетранспарентност нанесува штета на довербата во институциите на системот.  Самите граѓани, новинари, па и самите пратеници кои немаат информации за тоа што се случува во македонско-бугарските односи, а се работи за битно прашање за нашата национална посебност и битно прашање за евроинтеграциите, имаат се поголем сомнеж дека има заткулисни игри и со тоа се нанесува штета на довербата кон институциите, без разлика дали таа институција е МНР или е премиерот или Владата во целина.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние уште во 2017-та година кога имавме затворена седница на Комисијата за надворешна политика и тогаш се разгледуваше нацрт договорот помеѓу Македонија и Бугарија кој што го презентираше Заев. Ние како опозиција укажавме на 5 клучни забелешки кои ги сметавме за недостатоци во нацрт договорот за добрососедство и на кој пто предупредивме дека доколку остане договорот таков каков што е предложен нема да биде решение за проблеми во иднина, туку може да создава дополнителни проблеми во перспектива, истакна тој.

Милошоски потенцира дека првата од тие забелешки била што во договорот недостигаше изричното споменување на македонскиот народ и бугарскиот народ како соседни блиски и пријателски народи.

-Недостигаше спомнување на македонскиот јазик надвор од контекстот на Уставот, како јазик на кој се развива една култура и кој што е битен и за пријателството со сите соседи вклучително и Бугарија. Недостигаше една клаузула која што ќе потврди дека Македонија не може да се откаже, според меѓународните норми, од било кое малцинство бидејќи тоа спаѓа во сегментот на човекови права и секоја држава има обврска да се грижи за човековите права. Четвртата забелешка дека се спомнува терминот заедничка историја, а ние кажавме дека недостига термин за посебните истории на македонскиот и бугарскиот народ, каде ќе може да се изучува еден дел кој ќе се преклопува, а може да се изучува и посебниот дел кој припаѓа на Македонија или Бугарија. И на крајот петтата забелешка беше асиметријата во договорот. Во договорот има 99 обврски или концесии кои се бараат на сметка на Македонија, додека има само една обврска за Бугарија, а тоа е да даде поддршка за евроинтеграциите, а денес гледаме дека ни таа обврска Бугарија не ја исполни и стави вето на почетокот на преговорите за Македонија, рече Милошоски.

Тој порачува дека брзоплетото потпишување на Договорот во август 2017-та, без да се уважат забелешките на опозицијата и без тогашната Влада да направи пошироки консултации со јавноста веќе направија штета со која ние денес се соочуваме.

Многу повеќе за оваа тема и сето она кое го зборувавме со Милошоски, погледнете во интервјуто во продолжение:

Коронавирус