понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 8
home Вести

Милошоски: Бришењето на одлуките од АСНОМ е досега најголемо понижување која некоја македонска власт и го приредила на сопствената држава

Милошоски: Бришењето на одлуките од АСНОМ е досега најголемо понижување која некоја македонска власт и го приредила на сопствената држава

Во дебатата на Алфа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кажа дека бришењето на одлуките на АСНОМ е задоволување на барањето на Грција која го испорача до ОН во 1993 година.

Милошоски потсети дека тогашниот министер за надворешни работи на Грција барал ОН, Македонија да не се прими за членство со објаснување дека АСНОМ за нив преставува неприфатлив иредентизам. Тој притоа пссочи дека тогаш во тоа време ваквиот предлог го имаат одбиено Глигоров, Кљуев како премиер а го одбиле сите премиери и претседатели досега, затоа што не биле уценети. – “Бришењето на одлуките од АСНОМ вклучително и манифестот е едно од досега најголемите понижувања кој што некоја македонска власт, токму заради власта и го приредила на сопствената држава.

Ако Илинденското востание беше идеологијата и зачетокот на идејата за македосната државност, АСНОМ беше потврдата за македонската државност. Потврдата на државноста не е прогласот. АСНОМ и државноста се одлуките на АСНОМ кои имаат конститутивен карактер“ рече Милошоски Според Милошоски многу тешко е да се бран нешто во што не се верув. Тој притоа запраша дека ако ништо не се менува со одлуките на АСНОМ тогаш зошто СДСМ воопшто ги менуваа. Милошоски посочи дека владата на Заев, е влада за менување на уставот и решение на спорот и ако не се задоволи ДУИ за внесување на овие работи во уставот тогаш владата паѓа, а за да не се случи тоа Заев прави се за да ја задржи власта.