вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Апстиненцијата на овие избори се појави кај голем дел разочарани симпатизери на власта

Милошоски: Апстиненцијата на овие избори се појави кај голем дел разочарани симпатизери на власта

Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва гостуваше во „Отвореното студио“ на ТВ Алфа каде посочи дека апстиненцијата на овие избори се појави кај голем дел разочарани симпатизери на власта.

Ако ги споредите изборите од 2017-та година и од овие избори се гледа дека бројката која што ВМРО-ДПМНЕ ја имало на локалните избори заедно тогаш со Амди Бајрам, турската партија и некои помали партии кои сега се во коалиција со Зоран Заев ние го имаме повторено изборниот резултат. И ако збориме за апстиненција и сметам дека апстиненцијата се појавила кај голем дел симпатизери на власта кои што за време на локалните избори им дале голема доверба, а за време на претседателските избори гледам дека довербата е драматично опадната, појасни Милошоски.

На сето ова Милошоски додаде дека ова е добар сигнал дека има една прилично незадоволна група на гласачи која бара друга политичка алтернатива.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која што има потенцијал, имаме основа со добра програма и работа во следниот период да понудиме и за тие гласачи политичка алтернатива која што ги задоволи нивните очекувања од начинот на кој што власта ги разочарала, истакна Милошоски.

Коронавирус