четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 47
home Вести

Милошоски: Алијанса за Албанците и Алтерантива ќе дадат поддршка за Данела Арсовска за градоначалник на Скопје

Милошоски: Алијанса за Албанците и Алтерантива ќе дадат поддршка за Данела Арсовска за градоначалник на Скопје

Пратеникот Антонио Милошоски на гостување во емисијата „10 минути“ што се емитува на на телевизија 21 се осврна на соработката што ВМРО-ДПМНЕ ја има за претстојните локални избори со Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Коалициските партнери Алијанса за Албанците и Алтернатива даваат поддршка за независниот кандидат Данела Арсовска која ја поддржа и ВМРО-ДПМНЕ. Таа има сериозна предност пред се зошто има добра биографија како менаџер, образование и може да направи многу повеќе за сите жители без разлика во која скопска општина живеат. Значи има предност пред другите кандидати“, рече Милошоски.

Милошоски информираше за одлуката на партиските тела за кого и каде ќе даде ВМРО-ДПМНЕ поддршка.

„ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да дадеме поддршка уште во прв круг за нивните кандидати или кандидати на Алијанса и Алтернатива во општини во кои тие имаат шанси да добијат како Чаир, Сарај, Тетово, Гостивар, Струга и други општини, а Алијанса и Алтернатива да дадат поддршка онаму каде ние како колиција прдводена од ВМРО-ДПМНЕ имаме шанси. Тоа се општини како Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Јагуновце и други“, кажа Милошоски.

Локални избори 2021