среда, 2. декември 2020. Вести денес: 188
home Вести

Милошоски: Ако СДСМ беше загрижена за демократијата ќе ја поднесеше иницијативата на 19 март, а не 35 дена покасно

Милошоски: Ако СДСМ беше загрижена за демократијата ќе ја поднесеше иницијативата на 19 март, а не 35 дена покасно

Вонредната како таква беше прогласена на 18 март и ако СДСМ беше загрижена дека Собранието истата треба да ја потврди ќе ја поднесеше оваа иницијатива на 19 март. Со калкулирањето 35 дена да се чека се гледа намерата дека оваа одлука е политичка а не правна, изјави Антонијо Милошоски на Топ Тема на Телма.

Милошоски истакна дека во оваа нелогичност се гледа скриената политичка намера на СДСМ која нема врска со правни основи на Уставот, туку со политички калкулации.

„Пендаровски на 18 март прогласи вонредна сосотјба, СДСМ ја поднесе иницијативата на 23 април, ако СДСМ толку беше заинтересирана за Собранието, за демократијата за балансот, за контрола итн. зошто не ја поднесе иницијативата ден, два или три после прогласувањето на вонредната состојба на 18 март, туку чекаа 35 дена, па после коалиционите и вантрепартиски калкулации да ги рпеточат во иницијатива која нема уставно основа“, потенцираше Милошоски

Тој додаде дека овие игри доликуваат на карактерот на Заев, кој едно кажува пред камери, а друго прави позади камери.

„Овие игри кои што ги прави Заев доликуваат на неговиот карактер, еднаш тврдиш едно пред камери, друго тврдиш зад камери, трет план со коалициони партнери, четврти план еднаш си во коалиција со ДУИ, па Талат не ти одговара па ти одговара БЕСА или некои други математики“, нагласи Милошоски

Коронавирус