понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 102
home Вести

Милошоски: Аферата „Мафија“ ја загрози визната либерализација, Спасовски треба да поднесе оставка како најодговорен во МВР додека се случувал скандалот

Милошоски: Аферата „Мафија“ ја загрози визната либерализација, Спасовски треба да поднесе оставка како најодговорен во МВР додека се случувал скандалот

Аферата „Мафија“ освен загрозување на визната либерализација, претставува дополнително нарушување на имиџот на Македонија во очите на Брисел и НАТО. Освен кривична одговорност за овој случај треба да има и политичка одговорност, а таа во моментов ја носи министерот за внатрешни работи бидејќи тој е одговорен за тоа што се случувало од 2017 до денес, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за „Филибастер“ на Радио Лидер.

Милошоски потенцира дека Спасовски во најмала рака од морални причини треба да си поднесе оставка.

– Постојат две причини зошто да си поднесе оставка. Едната е доколку знаел дека се случува ваква операција носи политичка одговорност, втората е заради друга ситуација е доколку Спасовски не знаел дека некој го пробил системот. Тоа значи дека неговата политичка одговорност е уште поголема, вели Милошоски.

Тој истакна дека покрај тоа граѓаните гледаат дека нивниот идентитет не заштитен и може да биде злоупотребен бидејќи еден Седат Пекер од Турција познат мафијаш или Валид Иса од Италија и други нарко босови добивале патни исправи со македонски идентитети.

– Дилемата е колку е безбеден македонскиот систем на издавање на патни исправи. Македонија ужива визна либерализација со ЕУ, врз основа на изградената доверба дека е добра граничната контрола и дека се заштитени патните исправи. Ако некој го пробие тој систем и тој е организирано пробиен од самата држава , вие не станувате партнер на ЕУ туку сива зона во која голем број на мафијаши наоѓаат свое прибежиште и да ги избегнат сите потерници по нив, нагласи Милошоски.

Коронавирус