среда, 4. август 2021. Вести денес: 55
home Вести

Милошевски, поранешен функционер во МВР: Битно е што кажува Катица на спикерфонот кога се бројат парите

Милошевски, поранешен функционер во МВР: Битно е што кажува Катица на спикерфонот кога се бројат парите

Катица што кажува не е битно. Сигурно нема да прифати вина. И јас, а верувам и вие така би постапиле. Битно е што кажува на спикерфонот во моментот кога се бројат парите. Онаа снимка за која зборува Вилма, напиша на Фејсбук поранешниот помоншник министер за внатрешни работи, Томе Милошевски.

„Оштетениот“ толку е итар што нема сигурно да ги даде парите, ако нема гаранција од другата страна на телефонот. Битно е дека безсрамно лажеше дека го изгубила мобилниот телефон, битно е дека навистина ги ослободи од притвор сите инволвирани во „Империја“ и им ги врати патните исправи, како што посакуваа двајцата притворени. А сето тоа таа не го направи од љубов спрема Боки 13. Тврдам дека „пријавителот“ на случајот „Рекет“ не е способен сам да снима разговори и средби. Тоа го направиле искусни луѓе, професионалци од безбедносните структури од една соседна земја. Да не заборавивте дека тие го „обезбедуваа“ пријавителот на случајот „Рекет“. Тие паралелно работеле и други оперативно-технички работи. Така што допрва ќе гледаме и слушаме снимки со разговори, слики и други инволвирани во случајот „Рекет“. А тие се во рацете на пријавителот. Тој ја води играта. Кај него се коцките. Сето ова е многу поголемо од Катица… Правда за сите!“, напиша Милошевски на Фејсбук.

Коронавирус