петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Милосављевиќ: Дури и градоначалникот на Куманово соопшти дека премногу доцна Владата ја донесе одлука за апсолутен карантин на градот

Милосављевиќ: Дури и градоначалникот на Куманово соопшти дека премногу доцна Владата ја донесе одлука за апсолутен карантин на градот

Драган Милосављевиќ вчера во емисијата „Заспиј ако можеш“, посочи дека во Куманово се предизвика хаос бидејќи Владата Уредбата за карантин на градот кој ќе трае скоро два ипол дена ја соопштила неколку часа пред започнување на самиот полициски час. Дури и градоначалникот на Куманово обвини дека влада доцна ја донела уредбата но повикал на смиреност кај граѓаните.

„Веста на денот беше дека има 11 заболени во болницата во Куманово. Веројатно тоа заедно со другите заразени во Куманово, бројката таму надминува 80, поточно 85 лица. И тоа предизвика да се донесе уредба од Владата практично со која што цело Куманово се става во карантин под полициски час. И тоа до петок од 21 часот па се до понеделник 05 часот наутро. Тоа предизвика би рекол хаос во градот. Со оглед на тоа што некако премногу бргу дојде најавата за полициски час“, појасни Милосављевиќ.

Милосављевиќ додаде дека најавата стаса од Владата само неколку часа пред да биде ставена уредбата на сила и тоа предизвика хаос во продавниците, брзање на луѓето да се снабдат со што повеќе производи, храна, се што е потребно за преживување за наредните два ипол дена.

„Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски даде една изјава со која што ги повика граѓаните на Куманово на смиреност. Едно соопштение со кое што самиот се согласува дека не било баш најсреќно избрана околноста да се прогласи на ваков начин полициски час во траење од цели два ипол дена. Меѓутоа ги повика граѓаните на смиреност. Практично обвини дека одредени поединци кои што неодговорно се однесуваат и не ги почитуваат мерките на Градот и на Штабот на Владата, и го донеле целиот град во опасност“, истакна Милосављевиќ.

Најнови вести

Коронавирус