сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 93
home Вести

Милионски штети и стотици семејства без егзистенција – големи последици од пожарот во „Глобал“

Милионски штети и стотици семејства без егзистенција – големи последици од пожарот во „Глобал“

Милионски штети и стотици семејства без егзистенција. Ова е билансот од пожарот во трговскиот центар Глобал во Струмица. Сопствениците и корсниците на деловни и трговски објекти повикуваат на солидарност и поддршка за обнова на објектот, бидејќи сами не можат да се справат, објави ТЕЛМА.

Глобал се запали пред речиси две седмици, вечерта на втори јануари. Во големиот оган кој се смета дека тргнал од задниот влез за дотур на стока, изгоре голем дел од внатрешноста на приземјето, првиот кат, а оштетен е и кровот.

Пожарот покрена многу прашања за функционалноста на противпожарниот и безбедносен систем на објектот што веќе 12 години функционира во центарот на Струмица, на местото на некогашниот градски пазар.

Коронавирус