вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 191
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Милевски удри по СДСМ: Не ја прашаа опозицијата за промена на името, а за една изборна единица морало да се консултираат

Милевски удри по СДСМ: Не ја прашаа опозицијата за промена на името, а за една изборна единица морало да се консултираат

Претседателот на ЛДП Горан Милевски во гостувањето во Отвореното Студио 1, на ТВ 1, ја нападна коалиционата партија СДСМ и отворено изрази незадоволство од нивниот однос.

Исто така тој нагласи дека не го поддржува законот за амнестија, со кој треба да бидат опфатени обвинетите од настаните во Собранието од 27 април минатата година и да се намалат казните на дел од нив.

Лидерот на либералдемократите нагласи дека владата на СДСМ воопшто не ги прифаќа нивните барања, конкретно за креирање на една изборна единица.

-Конкретно се залагаме за Македонија да е една изборна единица без цензус, проект кој што е внесен во програмата и кој што ние се залагаме. Отворени листи за локалните избори за избор на советници, ние сакаме во власта да промениме нешто, рече Милевски.

За ова барање, од СДСМ му рекле на Милевски дека треба согласност од ВМРО-ДПМНЕ.

Милевски констатира дека согласност од ВМРО-ДПМНЕ не се бараше за промена на името, односно тоа се направи без ВМРО-ДПМНЕ. Тој запраша зошто баш за прашањето за една изборна единица треба да се праша опозицијата.

ЛДП и беше лојална на СДСМ цело време додека беше опозиција, по добивањето на власта, односот на владејачката партија се изменил.

-Направивме во неделата конгрес со повеќе кандидати. Делегатите ми ја дадоа повторно довербата. Сега и одговорноста е многу поголема, така да цел овој период работевме да се заврши овој процес на интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО и да се соочиме со проблемите на граѓаните. “ „Му се дава шанса на процесот. ЛДП е 11 години опозиција со СДСМ и единствен коалиционен партнер кој не коалицирал со Груевски. Тоа треба да се цени, но за жал се заборава кога е најтешко кој бил со вас, рече Милевски.

Од друга страна Никица Корубин од ЛДП одлучи го обвини Милевски за недемократко управување со партијата и најави дека самостојно ќе делува во Собранието на Македонија, односно дека ќе се случи фракција.

Извор: ЛИДЕР

Парламентарни избори 2020