вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 92
home Вести

Милевски: Барањето на Гаши за реотворање на судски случаи е гол популизам, за тоа постои Суд за човекови права во Стразбур

Милевски: Барањето на Гаши за реотворање на судски случаи е гол популизам, за тоа постои Суд за човекови права во Стразбур

Ако ние велиме влегуваме во Влада за да ја придвижиме Македонија во ЕУ и да поставувате антиевропски барања да ни се смејат од Европа, а знаете дека тоа не е преиспитувања, тоа е барање до Европската Комисија да пушти истражни или не знам што пуштаат, односно мониторинг за да видат дали процесот се одвивал демократски, транспарентно, без влијание и притисоци. Значи вие создавате сомнеж дека судството судело политички прво. Второ се стремиме кон Европа, а за секој случај ако домашниот суд пресудил погрешно вие имате Суд за човекови права во Стразбур. Значи има Европа институции преку кои што се канализираат, ако вие знаете дека државата веќе поднела барање за случајот со Никола Младенов, и други случаи да дојде Комисија на ЕУ за да ја испита ситуацијата и тие велат биле со образложение дека тоа не е нивна ингеренција и вие повторно да инсистирате тоа да влезе – тоа е гол популизам, нагласи Горан Милевски, претседател на ЛДП во емисијата „Само вистина“ во Канал 5 телевизија говорејќи за договорот на Гаши и Заев за отворање на некои судски случаи одново.

Милевски запраша дали да се молчи на популизмот на Алтернатива.

– А, знаете дека од таа работа нема ништо да биде. Тоа е едната димензија, рече Милевски.

Милевски додаде дека има и друга димензија, а тоа е дека со ова се укажува дека Македонија има политички монтирани случаи само кон една етничка заедница. А, има многу други случаи пример за луѓето од 27-ми април кои велат дека се политички затвореници, тука се случаите со Павле Трајанов.

– Не можете вие само тие случаи да ги тргнете вака од кошот на политички случаи кои што има таму еден куп луѓе кои што викаат дека се политички жртви, а да викате овие 5 се политички, а другите не ме интересира. А, ние што правиме за другите случаи, запраша Милевски.

Милевски посочи дека тоа е спорот кај коалиционите партнери на СДСМ, за реотворање на слуачи по барање на Гаши.

– Се бламираш, а знаеш дека тоа не врви кај ЕУ, само значи да го напишеш на хартија. Или ќе биде општо за сите или тоа ќе се прошири списокот со секој кој што мисли, нагласи Милевски.

Коронавирус