вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 81
home Вести

Милевски: Апсурдно е што Заев прифатил на Гаши креирање на нов закон за рамномерен регионален развој, а тој е донесен пред пет месеци

Милевски: Апсурдно е што Заев прифатил на Гаши креирање на нов закон за рамномерен регионален развој, а тој е донесен пред пет месеци

Имавме забелешки во договорот на Заев и Гаши, точките беа недоречени, општи, некои беа конфузни. Она што пример ние реагиравме е таму склучиле договор за нов закон за рамномерен регионален развој. Законот сум го донел јас пред месеци и не мислам дека е лош закон, во Собранието освен што пратеникот Снопче што реагираше, истакна Горан Милевски, министер за локална самоуправа и претседател на ЛДП во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Милевски додаде дека сега да се прави нов закон за Липковски регион е бесмислено бидејќи нема закон во кој што некој регион од земјава е изоставен.

– Секој плански регион има региони кои што се помалку развиени од останатите. Ние можеме да дискутираме за промена на методологијата за степенот на развиеност на планските региони, дали е таа реална и миродавна, меѓутоа тоа законот не го регулира, тоа се регулира со одлука на Влада. Ние чекаме резултатите од пописот како министерство за да направиме нова методологија и да внесеме внатре нови критериуми. Бидејќи ова е сензитивна тема и меѓуетничка, сепак тоа се оди со еден поширок консензус помеѓу сите политички чинители, рече Милевски.

Милевски посочи дека законот кој што бил донесе пред пет месеци е законот бил со европско знаменце и е усогласен со сите посебни европски директиви што значи дека оваа област е регулирана.

Коронавирус