понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 47
home Вести

Милески право во центар: Според Статутот на ВМРО-ДПМНЕ иницијаторите не може да свикаат конгрес, додека Милошоски не направи никаква кражба се манипулира со непознавање на германскиот јазик

Милески право во центар: Според Статутот на ВМРО-ДПМНЕ иницијаторите не може да свикаат конгрес, додека Милошоски не направи никаква кражба се манипулира со непознавање на германскиот јазик

Да ви објаснам две работи кои мислам дека треба да се расчистат, оти забележувам тенденција за ширење на лажни вести и доведување на граѓаните на Македонија во заблуда, пишува на Фејсбук македонскиот бизнисмен Роберт Милески кој одамна живее во Германија.

1. Го прочитав статутот на ВМРО-ДПМНЕ. Од него јасно се воочливи неколку работи. Прво, конгрес како постојано тело не постои. Конгресот е ад-хок тело, односно се формира тогаш кога е потребно (постојат одредби кои дефинираат кој сè го сочинува конгресот како делегат). За да се свика вонреден конгрес не се прашуваат делегатите, оти тие се делегати дотогаш додека трае конгресот, туку се прашува Централниот комитет! Вонредниот конгрес се свикува на барање на 1/2 од членовите на централниот комитет, кој одлучува во рок од неколку дена, и доколку барањето е потврдено од 2/3 од централниот комитет, се свикува вонреден конгрес. Толку за оваа заблуда. Заклучок: иницијативен одбор или непостоечки делегати можат да свикаат вонреден конгрес колку што можеме да свикаме јас и вие.

2. Милошоски нема извршено кражба во Германија, туку е фатен во автобус без карта! Тоа во Германија претставува кривично дело. Тоа што се манипулира поради непознавање на германскиот јазик, од една страна е неразбирање на германски правни поими, од друга страна се користи за типична манипулација. Толку и од оваа заблуда.

Затоа што и вие и јас имаме право да ја знаеме вистината, што би рекол еден водител на емисија во која до збор доаѓа само Чак Норис.

ЕУРО 2020

Македонија