Бизнисменот и активист Роберт Милески на својот Фејсбук профил објави статус каде му честита на Заев по вчерашниот дуел каде тој призна дека неговите фирми плаќаат 10 милиони евра данок годишно.
-Инаку една работа морам да му ја честитам на Заев. На синоќешниот дуел изјави дека неговите фирми плаќаат 10 милиони евра данок годишно. Според тоа, само добивката му е 100 милиони евра годишно, а со проста екстраполација тоа значи дека неговите фирми прават обрт од најмалку 300 милиони евра годишно.
Јас во Македонија на времето успеав да правам добивка од една солидна плата за мене и уште двајца луѓе. И тоа со тешки маки. И толку, стои во Фејсбук статусот на Милески.