сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 23
home Вести

Миле Талевски избегал од тутунарите на Плетвар?

Миле Талевски избегал од тутунарите на Плетвар?

Се уште недооткупените количини тутун од ланската реколта и огромната неизвесност околу потпишувањето на новите договори за годинашната, денеска по којзнае кој пат на улица ги изваде македонските тутунари кои огорчени и разочарани тврдат дека оваа откупна кампања била најкатастрофалната досега. Крајно загрижени дека околу 2-та милиони килограми тутун кои се’ уште се наоѓаат по тутунските амбари, ќе им останат дома, тие денеска два часа го блокираа патниот правец Прилеп – Градско.

„Апелирам до откупувачите и до Владата, час поскоро да се дооткупи тутунот кој што не им е откупен, во најскро време да се подели амбалажа за истиот и да почни да се откупува тутунот по правилата и прописите кои што се во редовниот откуп, да биде по класи и одбиток од 5 проценти како што беше договорено со откупувачите и МЗ…Субвенцијата да изнесува 90 денари за сите класи на тутун плус петте милиони евра кои што ги вети од петтиот пакет, вкупно да дојде до 100 денари“, – рече Николче Станкоски од ТЗ „Тутунска надеж“.

Македонските тутунари стравуваат дека ќе имаат проблеми и со склучувањето на новите договори, заради што сите новоформирани здруженија, кои се пет на број, здружени излегуваат со заеднички барања.

„Да се укине во целост и безусловно членот од Законот кој дозволува увоз на суров, необработен ситнолисен тутун, зголемување на цените по класи до 25 проценти и изедначување на цените во сите откупни претпријатија. Во Правилникот за тутун бараме зголемување на килограмите по единица декар од 220 кг., наместо досегашните 180 кг. Бараме долно-среден лист без мани и оштетувања,со големина до 16 см да влезе во втора класа и откупната организација да не склучува договори на помала количина од претходната реколта.“ – посочи Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија.

Доколку и овој пат, надлежните се оглушат на овие барања, тутунарите се заканија дека ќе продолжат со протестите и блокадите. На денешниот двочасовен протест, и покрај поканата до сите пратеници, тутунарите единствено поддршка добија од прилепскиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, но не и неговиот колега и сограѓанин од редовите на СДСМ, Миле Талевски.

Коронавирус