недела, 9. мај 2021. Вести денес: 114
home Вести

Миле Лефков: Градоначалникот на Кочани гради без дозвола

Миле Лефков: Градоначалникот на Кочани гради без дозвола

Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во изборна единица 3 Кочани, Миле Лефков изјави дека градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев гради без дозвола. Целата изјава слушнете ја во видеото.

 

Изјава 24.06.2020

ВМРО-ДПМНЕ во Проектот обнова на Македонија објавува војна против корупцијата и криминалот и најавуваме борба за еднаквост пред законите! Македонија е заробена држава со хибриден правен и политички режим. Државата е правно несигурна, внатрешно разјадена од системски вкоренетата корупција и криминал. Политичките институции и државните органи се во заложништво на власта.. Позади мене е еден таков пример! Градоначалникот на Кочани, основачот на ИНТ трејд од Кочани врши градежни активности во центатот на градот на Објект на на ИНТ трејд. Секој објект на кој се врши градежна активност мора да биде обграден со заштитна ограда и да има информативна табла со изведувач и инвеститор и да има јавно истакната информација по кое одобрение и решение се изведува! На објектот на ИНТ нема истакнато никаква табла затоа што најверојатно нема никаква легална техничка документација, најверојатно нема одобрение и решение за реконструкција и преадаптација а очигледно е дека веќе три месеци врши градежни дејности во и околу објектот без да се почитува законот! Каде се инспекторите? Зошто законот не важи за објектите на фирмата на градоначалникот? Сето ова е во срцето на градот пред очите на сите нас! Уште еднаш прашувам каде се инспекторите?Власта и СДС се закануваат на сите граѓани и за најмали зафати во кои нешто градат или преградуваат, на угостители им се закануваат и ги рекетираат за настрешници и урбана опрема. А од друга страна фирма на градоначалникот гради во срцето на градот без да го почитува законот и прави кривични дела! И за крај, дали инспекциските служби извршено, редовен, вонреден или било каков надзор над овој објект? Прогласуваме војна против корупцијата а правдата победува, ќе победиме на 15 јули а потоа ќе градиме Македонија во која сите ќе бидеме еднакви пред законот!

Gepostet von Миле Лефков am Mittwoch, 24. Juni 2020

Во прилог ви го доставуваме и документот од катастар.

Коронавирус