четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Милчин: Заев нема мандат да ја прекројува историјата, Делчев се борел и загинал за Македонија

Милчин: Заев нема мандат да ја прекројува историјата, Делчев се борел и загинал за Македонија

Делчев се борел за Македонија, а роден е во Кукуш (Егејска Македонија). Патем, Кукуш е град со унијатска традиција. Кај се „изгуби” писмото од кукушани до папата, во кое бараат помош и заштита од православните „браќа“?, вели на Фејсбук Владимир Милчин

– И уште еднаш: Заев нема мандат да ја прекројува историјата. Делчев се борел и загинал за Македонија! Неговата борба е македонска! А неговиот живот е борбата! За смртта уште не е јасно чија е! Борисов би требало, следејќи го примерот на Вили Брант, да дојде овде и да се поклони пред жртвите на бугарската окупаторска власт. Во Музејот на холокаустот за 7.133 македонски Евреи испратени во Треблинка и барем на Могилата на непобедените во Прилеп, потенцира Милчин.

Тој додава дека Македонија нема за што да се извинува на Бугарија, но Бугарија има!

– А Заев нема мандат ниту за капитулација, ниту за амнезија!, напиша на Фејсбук, Владимир Милчин.

Најнови вести

Коронавирус