сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 91
home Вести

Милчин за исходот на изборите: Имавме нерегуларни избори

Милчин за исходот на изборите: Имавме нерегуларни избори

Режисерот и поранешен претседател на Отворено општество Македонија Владимир Милчин во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија, коментирајќи го исходот од изборниот резултат вели дека ова се нерегуларни избори и поради тој чуден резултат ќе има нефункционална влада која не работи во интерес на граѓаните, туку работи во интерес на партиите и бизнисот кој е залепен за нив.

Ние имавме нерегуларни избори и ќе имаме некаква чудна како резултат на тоа, некаква чудна ми се чини нефункционална влада која што не работи во интерес на граѓаните, туку работи во интерес на партиите и бизнисот кој е залепен за нив, вели Милчин.

Милчин додаде дека ова е пирова победа со ситна разлика на мандатите укажувајќи дека идната влада ќе има проблем на функционирање.

Тоа е пирова победа, бидејќи таа им ги врзува рацете, дури и кога би верувале дека тие имаат „добра намери“ ваквата мала разлика, ваквото ситно мнозинство нема да им овозможи да ги спроведат тие „добри намери“.

Оваа влада која ќе биде формиран сега по ова нема да има долг век, така да мислам дека е по малку е трошење време. Мислам дека оваа влада ќе има проблем да функционира со овој распоред на гласовите таа тешко ќе функционира, рече Милчин.

Според него информациите дека СДСМ веќе договорила влада и дека ќе има Албанец премиер , Милчин вели дека не му е јасно од каде се сигурни дека ќе владеат четири години, посочувајќи на локалните избори ќе има резултати кои ќе бидат жестока шлаканица.

Ако е точно ова што го пишуваат да се види која во четирите години премиерот ќе биде Албанец, не ми е јасно од каде се сигурни дека ќе владеат четири години, да ме отепате зошто мислам дека на локалните избори ќе има резултати кои ќе бидат жестока шлаканица, изјави Милчин.

Коронавирус