среда, 13. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Милчин: Советниците на Заев се купени за да ги аминуваат неговите политики

Милчин: Советниците на Заев се купени за да ги аминуваат неговите политики

Режисерот Владимир Милчин кои во јавноста е попознат по своите политички активности и активизам во своето гостување во емисијата ,,Само Вистина’’ на Канал 5 телевизија упати низа критики кон работата на актуелната власт.

Меѓу другото тој ги коментираше и советниците на премиерот Зоран Заев кои според него се купени за да ги аминуваат политиките на власта. -Има два збора кај нас кои се појасни кога ќе ги преведеме на турски.

Едното е поткуп, тоа е рушвет. А второто е советници, а во нашиот случај аминџии. Како да ви кажам советниците во, советниците обично битна задача е да му укажуваат на тој кого советуваат, тие се платени не за да климаат со глава туку да укажуваат на ризиците на опасностите ако се направи нешто или ако не се направи, ако се направи прерано или предоцна итн. Не сум сигурен таа една листа што ја видов дека се работи за луѓе кои можат тоа да го прават, а притоа да не бидат аминџии, климоиглавци, вели Милчин.