вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 90
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Вести

Милчин очекува власта да го заташка случајот со полицајката

Милчин очекува власта да го заташка случајот со полицајката

Владимир Милчин во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ,  Бекир Асани од ДУИ го нарече насилник заради тоа што неодамна удри полицајка во Скопје.

Кај нас разочарува тоа дека некаков насилник кој е на врв на партија на ДУИ ја натепал или ја удрил, ма не морал да ја удри, доволно е да ја испцуе полицајката. Настрана што е женско во прашање. Кој е тој вид на силеџиство, истакна  Милчин.

Тој очекува власта да го заташка случајот бидејќи Османи како човек кој собира данок и е близок до врвот на власта ќе биде толериран со што ќе нема никакви санкции за него.

Мислам дека нема да има санкционирање на овој случај . Се работи за човек кој е очигледно ако не е член, формално на врвот, тој е веднаш тука до врвот. Тој им е потребен инаку зошто би го толерирале. Човекот е познат како човек кој е собирач на данок. Според тоа, не очекувам апсолутно ништо да му се случи. Да не има никаква постапка , да се истумба работата да се направи една вербална акробатика за тоа дека било вака или онака. Претпоставувам дека нејзе и е кажано дека подобро е работата да се смири затоа што кој знае какви последици може да има, констатираше Милчин.

Коронавирус