вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 92
home Вести

Милчин го „поздрави“ Заев дека тој и убиецот на Мартин Нешкоски се на „прав пат“

Милчин го „поздрави“ Заев дека тој и убиецот на Мартин Нешкоски се на „прав пат“

Бегањето на Игор Спасов, поточно убиецот на Мартин Нешкоски, ја разбрани јавноста, социјалните мрежи вријат од коментари, а надлежните на сето тоа молчат.

Дури и поранешниот висок функционер на СДСМ, Владимир Милчин преку социјалните мрежи го поздрави Заев дека тој и Спасов се на „правиот пат“.

„Или у превод он е на правиот пат, ние не сме !!!“ – стои во статусот на Владимир Милчин.

Убиецот на Мартин Нешкоски ја нема одлежено целосната затворска казна која изнесува 14 години. Спасов со медицинска документација се ослободи повеќе од една година и беше тој период на слобода поради болест.

Спасов пред неколку дена не беше пронајден и беше недостапен на органите за прогон. Вчера судот од Штип даде согласност за издавање на потерница за да се пронајде убиецот на Нешкоски, иако има шпекулации дека тој има пребегано за Турција.

Коронавирус