среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 28
home Вести

Миланов: Очекувам Нинџа да го повтори исказот што го даде како обвинет дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаква поврзаност со „27 април“

Миланов: Очекувам Нинџа да го повтори исказот што го даде како обвинет дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаква поврзаност со „27 април“

Утре продолжува судењето за настаните од „27 април“. Предвидено е да сведочи  Александар Василевски-Нинџа еден од првично обвинетите во овој случај.

На претходните рочишта, ниту  Стефан Младеновски  кажа дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад протестите, ниту пак тоа директно го посочи поранешниот пратеник Весел Мемеди.

Засега упорна во настојувањата да докаже дека упадот во Собранието бил координиран од ВМРО-ДПМНЕ единствено е обвинителката Вилма Рускоска, иако и таа има се помалку аргументи но и сведоци кои тоа ќе и го потврдат.

Адвокатот во овој случај, Еленко Милановвели дека утре од Нинџа очекува да го потврди тоа што го кажал кога давал исказ како обвинет, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ не стои зад протестите , туку дека само дале поддршка.

-Ќе видиме како ќе се одвива неговото сведочење но очекувам тој да го потврди исказот даден како обвинет дека немало организирано влегување во Собрание, и дека немале план што да прават ако влезат. Најмалку пак дека добивал инструкции од партии или поединци-вели Миланов за „Република“.

Коронавирус