среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 115
home Вести

Мила Царовска воопшто нема намера да обезбеди калитетно и европско образование

Мила Царовска воопшто нема намера да обезбеди калитетно и европско образование

„Власта и министерката за образование и наука, Мила Царовска воопшто немаат намера да обезбедат калитетно и европско образование. На 22 октомври 2020 година се изгласа Резолуција за дигитална еднаквост во образованието во ЕУ во која се повикуваат земјите-членки да направат амбициозно користење на средства достапни преку планот за закрепнување. Целта е да се поттикнат инвестиции во образованието и се поттикнуваат земјите-членки значително да ги зголемат јавните трошоци за образование“, стои во објаватана на официјалниот Фејсбук профил на Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ.

-Ако за министерката Царовска навистина вистинскиот пат е ЕУ тогаш не смееше да си дозволи со сегашниот ребаланс на буџетот да се кратат средства за образование и наука, впрочем како што власта дозволи да се случи и со претходниот. Дали на овој начин планирате да воведете конкретни мерки за затворање на „дигиталниот јаз“?
Според вашите информации 12% од учениците во Македонија немаат пристап до образованието во време на пандемија. Кои конкретни и ефикасни мерки ги воведовте за надминување на нееднаквоста во пристап до дигиталните алатки во образованието?
Министерке Царовска,
Европа повикува да се поттикнат инвестициите во образованието, а не да се кратат средства!
Нели велите дека ни е неопходно квалитетно образование за сите?
Со власта на СДСМ нема ниту образование достапно за сите, ниту квалитетно и европско образование, пишува комисијата.

Коронавирус