недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 71
home Вести

Мила Царовска- 9 месеци манипулации и неработа

Мила Царовска- 9 месеци манипулации и неработа

Многу манипулации, малку работа, вака може да се сублимира работата на Мила Царовска како министер во Министерството за труд и социјална политика- МТСП. Задоцнет оперативен план, со помал опфат од оперативните планови на претходната влада, излажани млади на кои им беше ветуван проектот „Младинска гаранција“ и неажурни институции кои наместо да ги штитат граѓаните се претвораат во мачилиште, како примерот со Домот за деца „25 Мај“. Многу пропусти, но никаква одоговорност од министертката.

Задоцнет оперативен план, со помал опфат

Оперативниот план кој го презентираше Мила Царовска е донесен задоцнето со многу фалинки. Имено истиот е неприменлив бидејќи не се донесено опаративни упатства и календар за објавување на јавни огласи за активните мерки, промоција кај работодавачи и невработени лица, значи може да претпоставиме дека ќе помине цело прво тримесечие а може и повеќе додека да се почне со негова примена.

Цароска се обиде оперативниот план да го претстави како новина, па не избегна а да ја примени познатата формула на СДСМ, „пофали се со мерките на претходникот и кажи дека се твои“. Оттука и Царовска се обиде комбинацијата на мерките за обука со мерките со субвенција ја претстави како новина. Вистината е дека и во 2016 и 2017 година владата дозволувала комбинирање на мерките.

Дополнително новиот оперативен план фрла сомнеж дали истиот е за фирмите или за невладините организации. Царовска на пресконференцијата од влада ги голем акцент стави и на невладините организации.

Во планот нема грантови од 10 000 евра за младите лица како што ветуваше СДСМ има само грантови од 4000 и 5000 евра па дури и пониски од оние во 2017 некои од лицата ќе добијат и грант од 3000 евра

Младинската гаранција од столб на кампањата на СДСМ станува пилот проект

СДСМ во текот на изборните кампањи како за парламентарните избори, така и за локалните избори ставаше главен акцент на младите. Сето тоа беше преточено во таканаречената младинска гаранција, која се испостави како огромна манипулација.

– Проектот ,,Гаранција за млади“ ќе значи дека државата ќе гарантира на сите млади граѓани во Македонија дека веднаш по завршувањето на образованието во рок од четири месеци секој млад човек ќе може или да го продолжи образованието или да добие понуда за работа или да добие можност за практика, обука или тренинг со којшто ќе се прилагоди на потребите на некое работно место коешто е на располагање, велеше Радмила Шекеринска во септември 2016 година, додека СДСМ се бореше за гласовите на младите. Младинската гаранција која ќе гарантира вработување или пракса на младите по завршувањето на образованието се ветуваше веднаш по преземањето на власта од страна на СДСМ, сега година ипол откако СДСМ е на власт младинската гаранција од суштински проект се претвори во пилот проект кој ќе биде применуван пробно во три општини.

Пилот проектот имено значи дека може владата после одреден период да се предомисли и истиот да не го имплементира.

Укинати мерки

Мерката „обука на напредни ИТ вештини“ која што е една од најуспешните мерки на претходната влада, со помош на која сите лица поминати на оваа обука до сега се вработени е укината. Дополнително нема обука за странски јазици.

Коронавирус