петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 11
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Микропретријатија од услужна дејност бараат помош за надминување на кризата која наговестува целосен колапс

Микропретријатија од услужна дејност бараат помош за надминување на кризата која наговестува целосен колапс

Микропретријатија од услужна дејност порачуваат дека заеднички треба да ја надминеме оваа криза која му наговестува целосен колапс на приватниот сектор.

Тие испратија до Владата на Република Македонија, министерствата за финансии и економија барање за воведување на економски мерки за заштита на приватниот сектор.

Нивниот допис го пренесуваме во продолжение:

Почитувани, Следејќи ги препораките на Владата на РМ со новонастанатата ситуација во врска со коронавирусот и мерките на претпазливост и ограниченото временско движење, НИЕ како микро претпријатија од приватниот сектор во услужната дејност (продавници и бутици), од кој поголем дел закупопримачи на деловни објекти , кои во моментов немаме никакви приходи, во овие тешки моменти за сите нас, јавно преку порталите и медиумите, без политичка позадина се обраќаме до Владата на РМ, Министердтвото за финансии, Министерството за Економија и бараме:

-Бруто плати, додека траат мерките од страна на Владата, да бидат на товар на државата( Март, Април, Мај) ;

– Да се замрзнат ратите за кредитите во деловните банки како и плаќањето на тековните сметки за електрична енергија, вода итн. ;

– Државата да субвенционира неповратни средства(во зависност од бројот на вработени) од 3 000-10 000 евра ;

– Мораториум за прво тромесечје од 2020 на аконтација за ДДВ ;

Сите овие мерки бараме да имаат важност се до престанок на важноста на мерките предложени од страна на Владата. Исто така се обраќаме и до сопствениците (закуподавачите ) на деловните објекти да покажат човечност и во тој период да ја замрзнат наемнината, до завршување на владините мерки, односно до стабилизирање на ситуацијата, или до превземање на некои владини мерки со кој и тие би биле обештетени.

Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и од Владата на РМ, Министерството за финансии и Министертсвото за економија, како и од закуподавачите, и заеднички да ја надминеме оваа криза која му наговестува целосен колапс на приватниот сектор.

Коронавирус